Детски градинки

Детските градинки се установи за деца кои обезбедуваат згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст. Мрежата на детските градинки ја сочинуваат јавните и приватните детски градинки. Во нив се спроведува интегрирана згрижувачка и воспитно-образовна дејност. Воспитно-образовната компонента во детските градинки се спроведува според Програмата за рано учење и развој базирана на Стандардите за рано учење и развој.

Новите сознанија за развојот на мозокот и важноста на раниот детски развој бараат менување на улогата на детските градинки во насока на зајакнување на нивната воспитно-образовна улога и поттикнување на раното учење. Детските градинки се установи во кои се инвестира во животот на малите деца, во нивното рано учење и развој. Во секојдневни програмски активности, тие ги поттикнуваат малите деца постепено да стекнуваат способности и вештини преку нивно активно учество во образовниот процес. Така децата стануваат компетентни, самоуверени и флексибилни ученици спремни да стекнуваат нови знаења и вештини. Малите деца во детските градинки учат преку игра и учењето го доживуваат како забава која преставува основа за развивање на нивниот целосен развоен потенцијал.