Граѓани

ДОНИРАЈТЕ 100 ДЕНАРИ СО ПОВИК НА 070/075/077 
143 555

Првите години од животот на детето се најважни за неговиот физички, јазичкиемоционален, социјален, и интелектуален развој. Се се случува во тој краток период – се развиваат емоциите и поимањето на светот, се поставуваат основите на јазикот и доаѓа до најголем развој на мозокот. Но поеднакво важно е што во овие години се поставува основата на вредностите и однесувањето во понатамошните години.

Се работи за клучен момент во животот на детето и ако се пропушти таа шанса, тогаш е пропуштена засекогаш. Накратко речено, децата кои доцнат на почетокот од животот тешко можат да го надоместат тоа доцнење.

Малите деца го постигнуваат својот највисок развоен потенцијал доколку од самиот почеток се воспостави силна емотивна врска со возрасните, и доколку растат во безбедни и здрави услови кои им овозможуваат различни можности за учење и развој.

Децата кои се квалитетно стимулирани во организирани предучилишни програми и дома,во раното детство се поуспешни во сите сфери на понатамошниот живот. Ова важи за сите деца, но најмногу за децата од маргинализираните семејства.

Сепак кај нас само 1 од 5 деца посетува организирано предучилишно програма. И некои родители не ја согледуваат важноста на холистичкиот развој кај нивните деца и не знаат како да го поттикнат.
Со ваша помош сакаме да дадеме на секое дете еднаква можност за учење и правилен развој во нај важните години.

Придружете се на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и поддржете ја програмата на УНИЦЕФ за ран детски развој.

Секој денар што ќе го донирате му помага на УНИЦЕФ и на неговите партнери да обезбедат можности за учење и правилен развој за деца од 0 до 5 години.

УНИЦЕФ го постигнува ова преку:

  • Соработка со општините во отворање на нови центри за ран детски развој во местата и заедниците каде што се најпотребни.
  • Обука на едукатори во центрите за ран детски развој и детските градинки за примена на најсовремени методи за холистички развој во раното детство.
  • Изработка на материјали за помош на родителите и на негувателите за работа со децата дома.