Игра и играчки

Играњето за децата не е само начин на забава, туку е и средство кое на децата им помага да се откријат себеси и своето место во светот што ги опкружува . Првата и најпосакувана играчка за нив, додека се уште мали бебиња, се родителите. Првото играње го доживуваат со родителите , и, како што растат и се развиваат, така се проширува и кругот на луѓето со кои си игра и изборот на играчки и предмети со кои си игра.

Играњето со своето дете е една од највозбуливите работи што може да ги доживее еден родител. Истовремено, тоа е и многу важно средство во процесот на рано учење кај нашите деца. Навидум едноставни, прегратките, зборовите што им ги упатуваме, песните што им ги пееме, разговорите што ги водиме, приказните што им ги раскажуваме, насмевките и нештата со кои ги забавуваме, се воедно и плодотворни лекции кои им помагаат на нашите деца да растат и да се развиваат правилно.

Времето што го минуваме со нив им помага да ги прошират своите искуства, прави да научат да ни веруваат и да се потпрат на нас кога ќе биде потребно. Блискоста што ја постигнуваме преку играта, прави детето да чувствува самодоверба, знаејќи дека е сакано и безбедно кога сте покрај него. Преку играта учат да ги споделат радоста, стравот, љубовта и лутината и стекнуваат контрола над нивните чувства.

Откако ќе пораснат, кај децата што растеле низ игра се буди интерс за спорт и спортски активности, кои, понатаму, им помагаат да ги зајакнат нивните животни вештини [link to…].