Како да му помогнам на моето дете?

Првото училиште во животот е домот, а првите и најважни учители за децата се родителите. Децата почнуваат да учат веднаш по раѓањето. Најпрвин, „ловат“ заклучоции од однесувањето на другите кон нив и околу нив, од тоа што го гледаат, слушаат и доживуваат. Децата се „родени за да учат“.

Ако поголемите деца на училиште стекнуваат знаења кои се поделени во одделни предмети —математика, физика или, на пример, биологија, малте деца учат од нешатата што ги опкружуваат, каде и да се најдат.

Знаењето што го стекнуваат, е конструкција која се гради од искуствата што ги стекнуваат откривајќи врски меѓу предметите и луѓето што ги опкружуваат. Свесни за тоа, родителите секојдневно се обидуваат да ги поттикнат децата да стекнуваат нови знаења — ги изнесуваат на прошетки, разговараат со нив, им поставуваат прашања и бараат одговори за да проверат како и колку се надградило нивното знаење.

Периодот кога се стекнува раното искуство бара од возрасните посветеност на повеќе страни. Сè што е нивна секојдневна борба за да им обезбедат добри услови за растење на своите деца, подоцна ќе се покаже исплатливо: хранењето, обезбедувањето дом и облека, времето што го поминале со децата додека растат, грижата да ги заштитат од болести и заболувања, времето што го одвоиле за децата да бидат со други деца, охрабрувањето на децата да разговараат со луѓето од нивното опкружување, разговорите кои направиле да се чувствуваат безбедно на непознато место.

Посветени на нивното напредување, во секојдневната комуникација со децата препознаваат море од можности со кое можат да ги поттикнат и да им го направат лесно откривањето нови знаења и стекнувањето нови вештини.

Подоцнежната возраст, ќе покаже дека вредело да се вложува во нив — да се задоволува нивната потреба да си играат и да истражуваат, да почувствуваат дека се сакани и сигурни, да бидат самостојни, да преземаат водечки улоги и да бидат истрајни на тоа што го почнале. Сето тоа го поттикнува детскиот равој на сеопфатен, или, стручно кажано, на „холистички начин“

Додека се многу мали, децата стекнуваат знаење преку нивните контакти со луѓето и со предметите од нивното опкружување, забележувајќи ги нештата што се повторуваат. Во подоцнежните години, најголемиот дел од искуствата ги стекнуваат преку дружење и контакти со повозрасните и со деца што се на нивната возраст.

На оваа страница ќе најдете 15 брошури кои ви нудат совети и идеи како да го поттикнете раниот развој на вашето дете низ секојдневни едноставни активности кои можете да ги практикувате во вашиот дом.

Со успех и — насмевки!

Агресија кај децата
Децата и пишувањето
Движење и музика
Игри со песок
Куклена игра со броење на прстите
Носење одлуки
Рецепт за рано учење
Сечење со ножички
Aјде да запишуваме
Геометриски модели
Графикон од овошје или зеленчук
Движење на телото
За време на капењето
Рецепти за колачиња без печење
Што недостига