Когнитивен развој

Какво искуство ќе стекнат децата кога се мали, како ќе го градат своето знаење, како ќе го развиваат своето размислување, како ќе доаѓаат до нови идеи — сево ова, повторно, зависи од нас, повозрасните.

Од односот на повозрасните од нивното опкружување кон нив, зависи дали децата ќе имаат прилика да го надградуваат стекнатото знаење со нови информации, колку ќе научат тие информации да ги користат во секојдневното живеење со луѓето каде што живеат и се развиваат. Ова е важен период, кога децата стекнуваат осет за основите на математиката, почнуваат логично да размислуваат, почнуваат да се справуваат со проблемски ситуации.