новости

Отворен центар за ран детски развој во село Дебреше

СЕЛО ДЕБРЕШЕ, ГОСТИВАР, 24 СЕПТЕМВРИ 2014 ГОДИНА: Благодарение на новиот центар за ран детски развој отворен во рамките на иницијативата “Првите 5 се најважни на свет”, приближно 90 деца на возраст од 3 до 6 години од селото Дебреше сега имаат можност да посетуваат квалитетни предучилишни програми.

Отворен е нов центар за ран детски развој во село Злеово

СЕЛО ЗЛЕОВО, РАДОВИШ, 18 ЈУНИ 2014г.: Благодарение на новиот центар за ран детски развој кој беше отворен во рамките на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“, децата на возраст од 3 до 6 години од радовишкото село Злеово сега имаат можност да посетуваат квалитетна предучилишна програма. 

ВО ОПШТИНА ДОЛНЕНИ ЗА ПРВ ПАТ СЕ ВОВЕДУВА ПРЕДУЧИЛИШНА ПРОГРАМА


СЕЛО ДЕСОВО, ОПШТИНА ДОЛНЕНИ, 3 март 2014 година: Денес на свечена церемонија д-р Боше Милошески, градоначалникот на Општина Долнени и д-р Бертран Демулен, претставникот на УНИЦЕФ официјално го отворија Центарот за ран детски развој во селото Десово, со што во оваа општината за прв пат се оствари можност за користење на овој вид на услуга. 

Децата од Јаргулица сега имаат можност да посетуваат предучилишна програма

 

JАРГУЛИЦА, РАДОВИШ, 19 февруари 2014: Благодарение на новиот центар за ран детски развој кој беше отворен во рамките на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“, децата на возраст од 3 до 6 години од селото Јаргулица сега имаат можност да посетуваат квалитетна предучилишна програма

Во тетовско Селце отворен првиот центар за ран детски развој во рамките на иницијативата “Првите 5 се најважни на свет” 

 Селце – Тетово, 6 февруари 2014 година:  Со сечење на црвена лента денес градоначалничката на Тетово Теута Арифи, претставникот на УНИЦЕФ д-р Бертран Демулан и претседателката на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија Леа Липша свечено го отворија првиот центар за ран детски развој основан во рамките на иницијативата “Првите 5 се најважни на свет”.   

УНИЦЕФ и Фондацијата Т-Мобиле ја промовираа кампањата „Првите 5 се најважни на свет“

Скопје, 26 ноември, 2013: Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Т-Мобиле за Македонија денес ја претставија кампањата „Првите 5 се најважни на свет“. Целта на кампањата е да ја промовира важноста на развојот во раното детство и да мобилизира поддршка за отворање нови центри за ран детски развој.

Фондацијата Т-Мобиле стана партнер на УНИЦЕФ во проширување на можностите за раниот детски развој

Скопје, 5 март 2013 година: Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и Фондот за деца при Обединетите nации (УНИЦЕФ) денес објавија партнерство за проширување на услугите за раниот детски развој.