Развој на јазикот и рано описменување

Јазикот е составен од четири дела — слушање, зборување, читање, пишување — и неговото развивањ почнува веднаш по раѓањето.

Уште додека се бебиња, децата почнуваат да „разговараат“ со луѓето околу нив, да го коментираат светот околу себе, користејќи разни гласови и звуци. Постојат неколку принципи за развивањето на јазикот и говорот, кои важат за сите, но, секое бебе ги развива јазичните вештини на свој начин.

Најголемото јазично искуство, децата го стекнуваат кога ќе дојдат на возраст пред да тргнат на училиште. Колку брзо ќе се равива јазикот кај некое дете, зависи од многу нешта, но, најмногу зависи од тоа како и колку разговараме со нив уште од времето додека се мали.