Развојни домени

Развојот и учењето кај малите деца се одвиваат на четири полиња, кои стручно се нарекуваат развојни домени:

Сите домени се равиваат паралелно, но, во различна возраст, некои се поинтензивни, некои - помалку. Кога е детето доенче, поактивни се едни, кога е мало дете - други, кога е на возраст пред да тргне на училиште - други. Некои настапуваат порано, а некои подоцна.

Веднаш по првиот роденден, поинтензивен е моторниот развој — детето почнува сè повеќе да се движи, проодува. Подоцна, овој тип развој почнува да мирува и му го отстапува местото на мисловниот развој, или, стручно кажано — когнитивниот, кој настапува во периодот по вториот роденден.

Познавањето на областите во кои се одвива детскиот развој, како целина или одделно, е значајно за секој што е вклучен во грижата и раното учење на малите деца.

Овие научни достигнувања и сознанија, и сè што произлегува од нив, се многу значајни искуства за професионален развој на вработените во детските градинки и во сите установи кои опфаќаат работа со мали деца.