Како се користат донираните средства?

УНИЦЕФ управува со сите средства собрани од кампањата “Првите 5 се најважните на свет”. Овие средства помагаат за:

1. Отворање на нови центри за ран детски развој

Новите центри за ран детски развој ќе се отвораат во соработка со локалните (општинските) самоуправи кои обезбедуваат простор (зграда) за центарот, вработуваат едукатор и ги покриваат тековните трошоци.

Вашите донации ќе помогнат да се

  • покријат трошоци за помали уредувања или прилагодувања на просторот. 
  • опреми центарот со мебел. 
  • опреми центарот со играчки, материјали и опрема за учење.

2. Обука на едукатори во центрите за ран детски развој и детските градинки

Ваште донации ќе помогнат да се: 

  • обучат едукатори во новите центри за ран детски развој за примена на најсовремени методи за ран детски развој.
  • обучат едукатори во постојните центри за ран детски развој и избрани детски градинки за примена на најсовремени методи за добро организирани и квалитетни програми за ран детски развој. 
  • следат и со менторство да се помагаат стручните работници во избрани детски градинки и центри за ран детски развој.

3. Поддршка на родителите да научат подобри родителски вештини Вашата донација ќе помогне да се:

  • изготват, изработат и дистрибуираат едукативни материјали за да им се помогне на родителите и на негувателите да го поттикнат раниот детски развој во нивните домови.
  • изготват, изработат и дистрибуираат едукативни материјали соодветни за возраста на децата