Што е ран детски развој?

Ран детски развој се нарекува процесот низ кој децата растат и се развиваат додека се уште мали. Во овој период, настануваат промени на неколку полиња, кои стручно се нарекуваат развојни домени физички, ментално и емотивно, односно, детето ги развива својата подвижност, начинот на размислување и светот на своите чувства.

Раниот развој почнува во периодот на зачнување, а завршува со периодот кога децата тргнуваат на училиште. Низ овој процес, во овој период, децата стекнуваат способни и вештини кои им помагаат да преземаат сè потешки и сè посложенини активности.

Затоа, многу е важно возрасните токму во овој период да се вложат колку што можат повеќе да создадат услови и убава средина за растење на децата и за да ја задоволат колку што е можно повеќе потребата на детето да учи уште од најмала возраст. Детето на оваа возраст има потреба да се движи, да добие одговор на своите прашања, да искаже и да слушне мислење за своите постапки и идеи.

Учењето кај малите деца почнува уште од денот на раѓањето. Како што тоа го опишува Центарот за детски развој - на Универзитетот Харвард во САД, развивањето на мозокот е слично како градењето куќа, а периодот на раното детство е времето кога се поставуаат темелите, кои ќе ѝ даваат цврстина на куќата во годините што ќе претстојат. Колку повеќе квалитетно искуството ќе стекнат рано во детството, толку бргу ќе се развива и нивниот мозок.

Сите успеси на детето во подоцнежните години, најмногу зависат од тоа во каква околина растат и се развиваат децата додека се мали. Децата што растат во спокојна средина, каде што можат да добијат одговори на своите прашања, каде што повозрасните наоѓаат начини да ги поттикнат да размислуваат и откриваат што повеќе, имаат поголеми шанси да искористат што повеќе од потенцијалот што го носи секое од нив. Колку повеќе ќе научат и откријат во раното детство, толку поголеми стануваат шансите да постигнат повеќе и да бидат поуспешни за време на средното образование и студиите.

Периодот кога се стекнува раното искуство бара од возрасните посветеност на повеќе страни. Сè што е нивна секојдневна борба за да им обезбедат добри услови за растење на своите деца, подоцна ќе се покаже исплатливо: хранењето, обезбедувањето дом и облека, времето што го поминале со децата додека растат, грижата да ги заштитат од болести и заболувања, времето што го одвоиле за децата да бидат со други деца, охрабрувањето на децата да разговараат со луѓето од нивното опкружување, разговорите кои направиле да се чувствуваат безбедно на непознато место.

Подоцнежната возраст, ќе покаже дека вредело да се вложува во нив — да се задоволува нивната потреба да си играат и да истражуваат, да почувствуваат дека се сакани и сигурни, да бидат самостојни, да преземаат водечки улоги и да бидат истрајни на тоа што го почнале. Сето тоа го поттикнува детскиот равој на сеопфатен, или, стручно кажано, на „холистички начин

Додека се многу мали, деца стекнуваат знаење преку нивните контакти со луѓето и со предметите од нивното опкружување, забележувајќи ги нештата што се повторуваат. Во подоцнежните години, најголемиот дел од искуствата ги стекнуваат преку дружење и контакти со повозрасните и со деца што се на нивната возраст.