Социо-емоционален развој

Социо-емоционалниот развој подразбира какви односи развиваат децата додека се мали со возрасните и со децата од нивното опкружување. Важни прашања од оваа област се и какво е искуството што го стекнуваат додека споделуваат нешто со околината, како реагираат на познатите и непознатите луѓе, колку им е лесно или тешко да воспостават добар однос со другите, колку умеат да ги контролираат своите чувства.

Во овој период децата учат како да го препознаат и како да го разберат тоа што го чувствуаат или тоа што го чувствуваат другите, научуваат како да се спријателуваат со луѓето и децата околу нив, како да кажат што чувствуваат, како да го контролираат нивното однесување, како да се разбираат лесно со околината.

Развивањето на овие искуства и вештини им помога да се снаоѓаат во поголеми групи, да учествуваат во групни активности, да уживаат во поддршката што им ја дава средината. Малите деца се посебно осетливи на тоа какво се прифатени од околината и какви се ставовите на луѓето од нивното опкружување кон нив и нивните идеи.