УСТАНОВИ И АГЕНЦИ ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ

Традиционалните јавни установи за деца-детски градинки до скоро беа единствени установи во секторот на предучилишното образование. Новиот закон за заштита на децата промовира разновидни предучилишни установи и програми, и на родителите и на малите деца им нуди можност да изберат програма и установа која најмногу одговара на нивните потреби.

Децата на предучилишна возраст имаат вродена потреба да играат, да истражуваат и да откриваат нови нешта. Секоја нивна активност подразбира учење на нешто ново или примена на нешто што веќе го научиле. Разноликоста на програми кои ги нудат, нивната флексибилност и локација и фокус на учењето наспроти згрижувањето се повеќе се препознаваат како индикатори за квалитет на предучилишните установи.

Проширувањето на мрежата на предучилишни установи овозможува намалување на јазот во пристапот до услугите, како и зголемување на можностите на децата од социјално ранливи семејства за пристап до предучилишни установи кои нудат разни кратки Програми фокусирани на раното учење и развој кај предучилишните деца.